Макс Ферстапен од Ред Бул ја освои пол-позицијата на седум километарската легендарна патека Спа Франкошамп, и утрешното белгиски гран-при ќе го стартува од најповолна позиција, иако тоа не мора ништо да значи, бидеќи има доволно места за претекнување, а особено интересно ќе биде ако врне како денеска.
Втор ќе тргне Џорџ Расел кој изненади со брзо извозен последен круг, додека во вториот ред ќе бидат Луис Хамилтон и Даниел Рикјардо. Потфрлија двете Ферарија кои не беа ни во топ 10, а Ландо Норис беше кандидат за висок пласман, но излета и остана десетти.