29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Лудиот пресврт на Тотенхем во 95 и 97 минута го надмина и тој легендарниот на Манчестер сити (ВИДЕО)

Тотенхем предмалку славеше со 3:2 против Лестер, по една неверојатна завршница.

Со головите на Стивен Бергвајн, во 95-та и 97-та минута, тимот од Лондон ја надмина и таа победа на Манчестер сити против КПР.

„Граѓаните“ со пресврт од 3:2 против Квинс Парк Ренџерс ја освоија титулата во Премиер лигата со голот на Серхио Агуеро.

Израмнувачкиот гол на Тотенхем дојде во 94 минута и 52 секунди, додека тој на Един Џеко беше во 91-та минута и 14 секунди.

- Оглас -

Најнови вести