Лудите Аѕури испуштија победа, Франција во полуфинале против Словенија или Полска

Франција е третиот полуфиналист на Евробаскетот откако во драматичен меч по продолжение од пет минути ја победи Италија со 93-85. Во регуларниот дел, средбата заврши 77-77.

Италија, слично како и против Србија во осминафиналето, му дозволи на противникот да направи солидна разлика во првата четвртина, и тоа можеби ги успа Французите, а во третата четвртина дојде отрезнувањето кога Аѕурите одиграа одлично и го презедоа водството.

Во финишот на регуларниот дел, Италија беше блиску до победа, но не го искористи последниот напад, а претходно Томас Ертел даде кош за 77-77.

Така, за Италија останува победата во 2003 година како последна нивна против Франција. Во полуфиналето, Триколорите ќе играат со Словенија или Полска.

- Оглас -

Најнови вести