Лудница е во Париз, ПСЖ и Реал како да играат финале во ЛШ

Вистинска фудбалска грозница е во Париз за големото дерби во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, а осминафиналниот двомеч почнува вечерва, од 21 часот.

Познатиот француски медиум „Ле Паризиен“ објави неверојатни податоци пред почетокот на првиот дуел што ќе се игра на „Паркот на принцовите“ во Париз.

За овој натпревар имало над 500 барања за акредитации, што е еднакво на финале на Лигата на шампионите, а дури 35 ТВ-канали ќе го пренесуваат натпреварот во живо.

ПСЖ и Реал Мадрид досега играле 11 пати, сметајќи ги и пријателските дуели, а шпанскиот гигант е поуспешен со 6 победи, три порази и две ремија.

Реваншот ќе се игра во Мадрид на 9 март.

 

- Оглас -

Најнови вести