Викендот започна, а тоа е знак за многу возбудувања и неизвесност. Во денешната понуда на Квоти на ден има пет многу интересни натпревари, а ако се одиграат понудените комбинации, се добива вкупен коефициент од 44.53.
Манчестер сити и Ливерпул играат во дербито на ФА Купот, а опцијата е во првото полувреме да нема повеќе од два погодоци, додека во вториот дел да има два или повеќе голови, комбинација која се вреднува со 2.05.
Реал Сосиедад да го победи Леванте во меч на кој ќе има барем еден погодок во второто полувреме носи коефициент од точно два.
Борусија Дортмунд да не загуби на гости кај Штутгарт во дуел на кој барем еден погодок ќе има во првото полувреме е со квота од 2.15.
Победник треба да има на супер-дербито меѓу Атлетико Мадрид и Барселона, а потребно е да има и меѓу три и пет голови за да биде добитна квотата од 2.15.
Саутемптон и Арсенал треба да одиграат меч на кој ќе си ддат минимим по еден погодок, а ќе има и барем два погодоци во второто полувреме, комбинација која носи квота од 2.35.


