20.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Лудница: Манчестер прими гол во 95-тата минута, но Црвените ѓаволи се радуваа на победа со погодок во 97-мата минута (Видео)

Манчестер јунајтед победи на гостувањето кај Вулверхемптон со 4:3 во меч кој може да се запише како еден од највозбудливите во Премиер лигата. Шоуто погодоци започна уште во петтата минута, кога Маркус Рашфорд погоди за 1:0 за гостите, а веќе во 22-рата минута Манчестер јунајтед водеше со 2:0 благодарение на погодокот на Хојлунд, што беше и резултат на полувреме.

Во вториот дел беше мирно до 71-вата минута, кога Сарабија од пенал намали на 1:2, а потоа Мектоминеј погоди за нова предност на гостите од два гола разлика. Вулверхемптон не се предаде и најпрво со голот на Килман намали на 2:3, а потоа во 94-тата минута Манчестер јунајтед изведе корнер, Ентони ја загуби топката и Вулверхемптон тргна во контранапад, а на крајот Нето погоди за 3:3.

Домашните навивачи се радуваа и очекуваа дека ќе останат непоразени на овој дуел, но така не мислеше 18-годишниот Коби Мејно. Тинејџерот направи мајсторија во 97-мата минута и погоди за победа на Манчестер јунајтед од 4:3.

- Оглас -

Најнови вести