Рома и Милан одиграа 1:1 во меч кој имаше неверојатна завршница во дербито на Серија А. Дебито беше динамично, но двата тима играа со многу калкулации и едноставно не сакаа да тргнат многу офанзивно, па затоа немаше ниту еден удар во рамките на двата гола до 92 минута.
Во судиското надополнување се случи неверојатна драма. Во 93 минута Тами Абрахам со првиот шут во рамките на голот на Милан успеа да погоди за 1:0, за голема радост на домашните навивачи на „Олимпико“.
Овој погодок не беше крајот на драмата, затоа што Милан не се предаде и со гол во 97 минута преку Салемакерс израмни на 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.
Милан имаше теренска доминација, гостите имаа 63 отсто посед на топка, изведоа четири корнери повеќе од Рома, но сето тоа беше само јалнова доминација, а на крајот Росонерите се спасија од пораз.
По ова реми, и Милан и Рома стигнаа до 57 бодови во првенството, но росонерите останаа на четвртото место, а Рома е петта.