Фудбалерите на Милан одиграа 1-1 против Џенова во 19-тото коло на италијанската Серија А. Росонерите брзо ја преземаа иницијативата, но првиот гол го постигна Лоренцо Коломбо во 28-та минута, кој за Џенова настапува како позајмен од Милан.
Милан имаше шанси за израмнување до полувремето, но Леао промаши, а во 58-та минута Пулишиќ ја затресе мрежата, но голот по преглед на ВАР беше поништен поради игра со рака.
Во судиското продолжение, Милан конечно успеа да израмни со погодок на Рафаел Леао, но Џенова имаше можност да поведе повторно.
Ударот од пенал што го изведе Николае Станчу во 99-та минута заврши над голот.
Со овој резултат, Милан останува второпласиран со 39 бодови, додека Џенова е 17-та со 16 бодови.

