Бразил покажа дека и без капитенот Нејмар може да одигра добар меч и на крајот да победи, и тоа во дуел со силен ривал како Швајцарија. Нејмар се повреди на дуелот против Србија, поради што мора да мирува. Не играше против Швајцарија, а ќе го пропушти и дуелот против Камерун во третото коло. Капитенот на Бразил се надева дека ќе биде подготвен за нокаут пресметките во кои Кариоките ќе атакуваат на шестата светска титула.
Дуелот против Швајцарија, Нејмар го гледаше од хотелската соба, но и покрај тоа, на трибините на стадионот имаше еуфорија меѓу навивачите кои веруваа дека добиле селфи со првата ѕвезда на Бразил.
На трибините на стадионот „974“ се појави лажен Нејмар, односно човек кој многу наликува на капитенот на Бразил. Фановите кои се најдоа околу овој човек веднаш побрзаа да направат селфи.
Fake Neymar spotted at the game between Brazil and Switzerland pic.twitter.com/EAxzeTt4d0
— zack💚 FAST GOALS (@GoalsZack) November 28, 2022
Овој човек намерно се облекува во стилот на Нејмар и низ улиците на Доха предизвикува големо внимание, па каде и да се појави, го привлекува вниманието на фановите.