Најгледаниот спортски настан во САД ќе биде вечерва. Се игра финалето на НФЛ првенството, популарниот Супер бол. Екипите на Синсинати бенгалс и Лос Анџелес рамс ќе играат во борба за големиот трофеј и тоа на стадинот во Лос Анџелес. Тоа дава предност на Рамс, но кога се работи за ваков дуел, никогаш предвреме ништо не се знае.
Во изминативе неколку дена, светските обложувалници забележале зголемен број на уплати и тоа на точен резултат 34:31 за Синсинати бенгалс и тоа поради само еден цртан филм. Се работи за сцена од легендарниот цртан филм „Симпсонови“, поради една сцена од епизода од 2005 година.
На таа сцена се Хомер Симпсон навива за Бенгалс, а на крајот на цртаниот се појавува резулта 34:31 во корист на тимот за кој навива главниот херој во цртаниот. Токму поради овој момент, обложувалниците се преплавени со уплата на точниот резултат 34:31.
„Има уплати на ралични резултати, но предничи овој резултат. Не бевме ни свесни дека постои таква фотографија додека не почнаа да стигнуваат голем број на уплати“, велат од една американска обложувалница.
Simpsons prophecy says Bengals win pic.twitter.com/zJLDW995LP
— Cincinnati Meme Stream (@CincyMeme) February 9, 2022
Симпсонови се познати како „предвидувачи“ на многу настани, па така во нивниот цртан филм уште пред една деценија, Доналд Трамп беше направен како претседател на САД, а тоа на крајот и се случи. Сепак, кога се работи за овој Супер бол, се работи за лажна фотографија.
Во таа епизода од цртаниот, Синсинати бенгалс играат против Мајами делфинс, што значи дека некој направил монтажа на која се „уловија“ голем број на обложувачи кои веруваат во „предвидувањата“ на Симпсонови.
https://twitter.com/i/status/1335206853249290242
Во Sport Life има неверојатно голем избор за обложување на најпопуларниот спортски настан во САД.