Лудница тикет во Демир Хисар – со 20 денари си доби 950.000 денари (Фото)

Обложувач од Демир Хисар покажа дека е вистински мајстор за обложување и со уплата од 20 денари, заработи 950.000 денари бруто. Мајсторот одиграл 11 натпревари, и тоа иста игра, да има по еден или два гола во двете полувремиња.
Обложувачот имал голема среќа на неколку натпревари кои на крајот му донесоа речиси милионска добивка.

Три натпревари завршија со четири постигнати голови и, за среќа на обложувачот, имаше по два гола во двете полувремиња. Луксембург и Унгарија одиграа 2:2, а на полувремето беше исто така без победник 1:1.
Португалија со 4:0 ја совлада Нигерија во пријателски натпревар, а головите беа постигнати во критични моменти. По првото полувреме, Португалците водеа со 2:0 со головите на Бруно Фернандеш постигнати во деветтата и во 35-тата минута, додека во вториот дел Рамос и Жоао Марио постигнаа уште два гола, и тоа во финишот од мечот, во 82-рата и 84-тата минута.

Среќа имаше обложувачот бидејќи Нигерија во 81-вата минута промаши пенал. И во индиската лига Мумбаи славеше со 4:0 давајќи му на Бенгалуру по два гола во двете полувремиња.

Критично беше и на натпреварот меѓу Ентела и Лукезе, кој заврши со триумф на домаќинот од 2:1. Ентела по првото полувреме водеше со 2:0, а Лукезе голот кој обложувачот во Демир Хисар го направи речиси милионер, го постигна преку Ромеро во 92-рата минута.
Тој ја одигра и Македонија и сигурно му се израдува и на голот на Барди од пенал против Финска (1:1).

ГОЛ ПОСТИГНАТ ВО 144-ТАТА МИНУТА ДОНЕСE ДОБИВКА НАД 200.000 ДЕНАРИ

Во обложувалните на Sport Life во Тетово е уплатен тикет за 100 денари, кој на обложувачот му донесе бруто-добивка од 237.561 денари. На тикетот се одиграни 13 натпревари на една игра во која се бараат голови. Одиграно е дека ќе има најмалку по еден гол и во првото и во второто полувреме.


Обложувачот на тикетот го имал најдолгиот натпревар што се одигра годинава меѓу Пенафиел и Мореиренсе и кој траеше речиси три часа, а головите беа постигнати во 145-тата минута. Имено, средбата беше прекината во два наврати поради проблеми со осветлувањето на стадионот, а на крајот славеа гостите со пресврт, и тоа со головите постигнати во 145-тата и во 154-тата минута. По првиот дел беше 1:0 за домашниот тим, а во вториот дел, Петков со голот во 145-тата го израдува тетовецот, а девет минути подоцна Андре Луис ја завери победата на Мореиренсе.

Тетовецот исто така го чекаше до последниот свиреж на судијата и натпреварот меѓу Ентрела и Лукезе бидејќи гостите дадоа гол во втората минута од судиското продолжение во второто полувреме.

МАЈСТОР ЗА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Во Неготино, обложувач со уплатени 110 денари, заработи бруто-добивка од 101.733 денари играјќи на вчерашните пријателски натпревари.

На тикетот има девет натпревари, а се одиграни различни игри, најмалата квота изнесува 1.65 за да има најмалку три гола на мечот меѓу Португалија и Нигерија (4:0), додека најголемата е 4.00. Обложувачот одигра Х2 и 3+ на мечот Ирска – Норвешка, а Скандинавците го израдуваа со гол постигнат во 85-тата минута. Норвешка славеше со 1:2 благодарение на голот на Омоуџуанфо на пет минути до крајот.

Обложувачот успешно го погодил и исходот од мечот што се играше на Националната Арена „Тодор Проески“ меѓу Македонија и Финска. Тој одиграл двете селекции да дадат гол и му се израдува на голот на Енис Барди во 75-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести