Лудница – Ваков гол нема ни на Плејстејшн, хрватскиот волшебник ги издрибла сите и заврши со рабона (Видео)

Хрватскиот футсал репрезентативец, Матеј Хорват постигна луд гол против Полска, еден од најубавите во историјата на играта и прв на мечот што го играа двете селекции на Европското првенство.

Хорват покажа врвно фудбалско мајсторство, откако со дриблинзи го нанижа речиси целиот состав на Полска, плус и голманот, а потоа со рабона на страшно атрактивен начин ја затресе мрежата.

Целата акција и голот на Хорват од 8. минута на мечот меѓу Хрватска и Полска можете да ги погледнете ОВДЕ.

Хрватска води со 3:1 по првото полувреме на премиерниот меч за двете репрезентации на Европското првнство во футсал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести