Фудбалерите на ПСВ Ајндховен со 4-1 го победија Хераклес во претпоследното коло од првенството на Холандија, но кога нивниот меч заврши, сè уште се играше дуелот на Гронинген и Ајакс, а гостите имаа водство од 1-2.
Навивачите останаа на трибините и на телефоните го гледаа мечот на конкурентот за титулата, а исто беше и на теренот, каде што фудбалерите и стручниот штаб на ПСВ го следеа мечот на Ајакс.
Вистинска „лудница“ се случи на трибините и на теренот во 99-тата минута, кога Гронинген постигна гол за 2-2, па сега ПСВ е во пол-позиција за титулата.
Реакцијата на сите на „Филипс стадионот“ е бесценета, а може да ја погледнете на видеото во продолжение.
PSV fans & staff after hearing Ajax conceded in the 99th minute:
😭😭😭😂 pic.twitter.com/f9eIhGfszK
— Mystershirt 👕📦 (@Mystershirt) May 14, 2025