Репрезентацијата на Аргентина обезбеди пласман во финалето на Светското првенство во Катар со победата над Хрватска од 3:0 во првото полуфинале, а триумфот предизвика „еурупција од радост“ во оваа јужноамериканска земја.
Доказ дека се луди по фудбалот и Лионел Меси, Аргентинците покажаа вечерва, во Катар допатуваа дури 40.000 фанови, а во татковината немаше човек кој не го следеше натпреварот и не излезе на улиците ширум земјата за да го прослави големиот успех.
Речиси во сите градови натпреварот се следеше на плоштадите, бурно се прославуваше секој гол на Аргентинците, кои буквално полудеа од среќа по последниот свиреж на судијата Орсато.
https://twitter.com/i/status/1602763299715776513
https://twitter.com/i/status/1602796413250899968
https://twitter.com/i/status/1602795544975376385
https://twitter.com/i/status/1602784359102169089
https://twitter.com/i/status/1602800195208708097
https://twitter.com/i/status/1602794741703364608