Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, на први декември ќе биде дел од егзибиционистички натпревар во Буенос Аирес, Аргентина, и тоа на прошталниот натпревар на неговиот голем пријател, Хуан Мартин дел Потро.
За тенискиот натпревар на векот, како што го нарекуваат аргентинските медиуми, владее голем интерес, а билетите веќе се распродадени. Крај теренот ќе има повеќе од 15.000 гледачи, кои без најсреќни и успеаја да дојдат до билет за мечот.
Новак Ѓоковиќ оваа сезона ја заврши на натпреварувачки план, со оглед на тоа дека до крајот на годината нема да учествува на ниту еден турнир, а следната активност ќе му биде настапот на Отвореното првенство на Асвтралија во јануари следната година.