Лудница во Барселона: Каталонците со два гола за две минути му вратија на Атлетико (Видео)

Само 20 минути поминаа од дуелот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, а резултатот е 2:2. Гостите започнаа фуриозно и само по пет и пол минути постигнаа два гола за шок кај домашните навивачи. Фуриозната игра на Атлетико и головите може да ги видите ТУКА.

Барселона покажа дека брзо го преброди почетниот шок, па каталонскиот гигант започна со доминација на теренот, а тоа им донесе два гола.

Во 19-тата минута, по една одлична акција, погоди Педри и тој погодок може да го видите ТУКА.

Само што го постигнаа првиот гол, следуваше и втор погодок за Барселона. Младиот дефанзивец Пау Кубарси најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник донесе голема радост со погодокот за 2:2, и тоа само по 20 и пол минути од почетокот на  мечот. Голот на Пау Кубарси може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести