Кошаркарите на Партизан ја забележаа првата победа оваа сезона во Евролигата, откако во луда атмосфера во „Белградска арена“ го совладаа Баерн Минхен со 86-78. Натпреварот мина во комплетна доминација на домашните, со исклучок на последните неколку минути.
Партизан во еден момент дојде до водство од +22 поени, но потоа дојде до опуштање, а гостите во последниот период дојдоа и на само -6, но немаа сили да направат комплетен пресврт.
„Црно-белите“ ги добија првите три четвртини, но убедливо ја загубија последната. Браун со 22 поени беше убедливо најефикасен поединец на паркетот и најзаслужен за победата на Партизан. Во поразениот состав најмногу поени уфрли Обст, 15.