Лудница во „Пионир“ – Загорац со тројка на 3 секунди до крајот му донесе победа на Партизан (Видео)

Раде Загорац погоди тројка во последните моменти на вечното кошаркарско дерби меѓу Партизан и Црвена ѕвезда за победа на „црно-белите“ од 73:72 и израмнување во финалната серија за титулата на 1:1.

Загорац имаше мирна рака на три секунди до крајот, што доведе до лудница во „Пионир“, каде што Партизан ги игра натпреварите како домаќин.

Црно-белите ја добија првата и последната четвртина, останатите две ѝ припаднаа на Црвена ѕвезда, а домаќините имаа подобри калкулации, повеќе среќа и ладнокрвниот Загорац.

Првиот меч како домаќин го доби Црвена ѕвезда со 98:94, а и тој дуел, прв во серијата беше многу драматичен.

Третиот натпревар ќе се игра на 15 јуни, а домаќин е Црвена ѕвезда.

 

- Оглас -

Најнови вести