6.8 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Лудница во Струмица, со уплата од 100 денари заработил над половина милион

На струмичанец му се исплатени над 500.000 денари во Sport Life откако составил фантастичен добитен тикет, кој го уплатил во саботата, а има натпревари кои се играа во саботата, неделата и понеделникот (вчера).

Вложени се 100 денари, а вкупната квота за 12-те меча заедно е над 6.000, па бруто-добивката му е 604.626 денари.

Овој играч не комбинирал игри, туку кај сите 12 пара го предвидел победникот и прогнозирал дека на сите овие мечеви од топ пет лигите во Европа, плус турската, ќе има од два до пет гола.

Една од најмалите квоти му е онаа кај Реал Мадрид – Рајо Ваљекано, а Реал до победата во меч со 2-5 гола дојде преку пенал, дури во десеттата минута од судиското продолжение на второто полувреме.

Последна за чекање му била средбата Коџаелиспор – Фенербахче, гостите победија со 2-0, Фенер вториот гол го даде во 75-тата минута и радоста во Струмица можеше да почне.

- Оглас -

Најнови вести