Лудо добредојде во Олимпијакос, Французинот порача: Здодевно ми беше во НБА! (Видео)

Францускиот кошаркар Еван Фурние, кој по 12 години ја напушти НБА-лигата и се врати во Европа, ќе биде големо засилување за Олимпијакос.

Фановите на тимот од Пиреа на Фурние му приредија спектакуларен полноќен дочек на аеродромот во Атина.

„Не сакам да поминувам низ она што го доживеав во последните две години во НБА. Ми беше многу досадно. По Олимписките игри му кажав на мојот агент дека сакам да се вратам во Европа. Свесен сум дека ќе ми треба време да се адаптирам. Но, секое лето играв натпреварувања на ФИБА. Најважно е да ја освојам Евролигата“, објасни Фурние, кој потпиша договор со Црвено-белите на две сезони.

 

 

- Оглас -

Најнови вести