Лудогорец повторно донесе радост во Разград, град со околу 100 илјади жители, а по победата вечерва против Черно Море со 4:1 се слави осмата титула едноподруго во Бугарија.
Јакуб Свиерчок постигна хет-трик, еден гол даде Бакалов, доволно за радост и одбрана на круната. Пирова вечерва беше победата на ЦСКА Софија со 1:0 против Ботев, бидејќи армејците останаа со бод помалку од Лудогорец во трката за титулата.
Лудогорец го заврши првенството со 79 бода, еден повеќе од ЦСКА и Левски со 66. Лудогорец ќе игра квалификации за ЛШ, ЦСКА ќе мора во квалификации за Европа Лигата, заедно со Локо м отив Пловдив, екипа што го освои пехарот во купот, а Левски ќе чека противник за бараж двомеч по кој ќе биде позната четвртата екипа од Бугарија во еврокуповите.