Лудогорец сака да биде како Јувентус, мора да го прегрми Пловдив

Ботев – Лудогорец (17 часот)

Тимот од Пловдив е во ситуација да одлучува кој клуб ќе ја освои титулата бидејќи во последните две кола од плејофот во Бугарија игра против лидерот Лудогорец и второпласираната екипа на ЦСКА Софија.

Лудогорец има еден бод предност и ако денеска победи, ќе има меч-топка за продолжување на доминацијата во Бугарија. Клубот од Разград има 7 титули по ред, а е на прагот и на осмата, ако го мине денешното искушение во Пловдив.

Ботев нема посебни мотиви за игра, не може да стигне до позициите што водат во Европа, но може да биде опасен за шампионот.

Предлог тип: 2&ГГ (3.70)

 

Левски – ЦСКА Софија (17 часот)

ЦСКА има шанса по 11 години да стигне до титулата во Бугарија, но нема сè во свои раце. Има еден бод помалку од лидерот и актуелен првак Лудогорец и потежок распоред.

Армејците прво што треба да направат е денеска да го победат вечниот ривал Левски во меч што секогаш носи посебен набој во Софија, па и во цела Бугарија. Тоа се двата тима со најмногу навивачи кај нашиот источен сосед, а дерби-мечевите се секогаш експлозивни, без разлика кој за што бие битка.

Во овој случај на Левски не му треба ништо, тешко може да ја престигне ЦСКА со шест бода помалку на две кола до крајот, но може да го исфрли вечниот ривал од битката за титулата.

Интересно е што и покрај големото ривалство на двата софиски клуба, во едно се согласуваат, а тоа е нетрпението кон Лудогорец. Клуб од малиот Разград што ги освојува титулите во последно време како од шега.

Денеска на ЦСКА ѝ треба победа, и тоа со што е можно повисока разлика за да може да се надева на титулата и во евентуален израмнет биланс на бодови со Лудогорец. Во таква варијанта прво се сметаат меѓусебните дуели, а тука ЦСКА и Лудогорец се израмнети, но актуелниот шампион има подобра гол-разлика.

Предлог тип: 2&ГГ (5.50)

 

Утрехт – Хераклес (18.30 часот)

Утрехт е многу поблиску до финалето во баражот за последното место што води во Лигата на Европа. Како гостин во Алмело го победи Хераклес со 2:0, што е голема предност.

Сепак, во Холандија со стилот на игра што се практикува, ниту една разлика не е недостижна. Хераклес и покрај поразот, одигра добар меч и ќе се обиде да се врати во игра и да се пласира во финалето.

Проблем им е што имаат неколку повредени играчи, неизвесни за настап на реваншот. Имаат три порази по ред на гостувањата во Утрехт, но денеска немаат што да загубат, па се очекува да тргнат во офанзива од самиот почеток, што е добра најава за голови.

Предлог тип: Т1 1+I&1+II (2.35)

 

ФЦ Париз – Ленс (20.45)

Четвртфиналниот бараж-меч на патот до првата француска лига ќе биде многу интересен. Ленс го фати последниот воз за доигрувањето со убедлива победа од 5:2 против Орлеанс и благодарение на подобрата гол-разлика од Лориент, се најде во плејофот.

Париз предводен од Мехмед Баждаревиќ има предност во денешниот нокаут-меч бидејќи ќе игра пред својата публика. Поправен испит нема, победникот ќе се пласира во полуфиналето на плејофот и ќе игра против Троа.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.40)

 

Цитадела – Беневенто (21 часот)

Цитадела е најслабо рангираниот состав од четирите што останаа во битка за пласман во Серија А, но игра одлично и нема пораз на последните пет меча, вклучувајќи ја и четврт-финалната победа против Специја.

Сега ќе игра двомеч со Беневенто, екипа која е фаворит и сака камбек во Калчото. Сепак, избраниците на Роберто Вентурато имаат поинакви планови и се подготвени за уште еден подвиг на патот кон елитата.

Во регуларниот дел од Серија Б играа цврст фудбал, заедно со Падова имаа најмногу нерешени дуели, а Беневенто сосема спротивно беше меѓу екипите со најмалку ремија.

Последните пет дуели на двете екипи беа во рамките на 0-1 гол, но сега очекуваме малку поефикасен меч.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.60)

 

 

- Оглас -

Најнови вести