Елче и Мајорка не го почнаа последниот меч од осмотто коло во шпанска Ла Лига поради големо невреме во областа Аликанте.
Пороен дожд не дозволи да се игра од 21 часот, а стартот беше пролонгиран првично за во 21.15 часот, но и тогаш не почна поради големото невреме.
https://twitter.com/josempf_16/status/1579539922188664832?s=20&t=ASBnhbt5sbUFg6MD0y4oig
Неколку минути на стадионот „Мануел Мартинес Валеро“ во Елче немаше струја, но сепак е најавено дека нов обид за почеток на мечот ќе има во 21.30 часот, ако сопре дождот.
https://twitter.com/Af_Deportiva/status/1579552974929469441?s=20&t=ASBnhbt5sbUFg6MD0y4oig