За некои работи се вели дека се случуваат еднаш во живот. Еден таков момент, што се случува еднаш во живот, а се памти цел живот му се случи на обложувач кој уплатил тикет во Sport Life.
На тикет уплатен во Куманово, одиграно е дека на четири меча кои се играа во Турција, ќе има пресврти, односно „еден во два“ или „два во еден“. Три средби се од втората турска лига, а еден од пониските лиги. Овој тикет е уплатен на минимални 20 денари, а добивката е максимална и изнесува ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ.
ГУБЕА СО 1:0 ДО 90+5 МИНУТА, А НА КРАЈОТ ПОБЕДИЈА
На мечот меѓу Серикспор и Серик, домаќините на полувреме водеа со 2:1, а на крајот гостите славеа со 3:2.
Кечиоренгучу на полувреме водеше со 1:0 против Ерзурумспор, а на крајот загуби со 1:2. Овој е најневеројатен дуел, затоа што домаќините водеа со 1:0 до 90+5 минута, а потоа се случи чудо. Домаќините добија црвен картон и беше досуден пенал за гостите кои израмнија на 1:1. Потоа гостите со сите сили тргнаа во напад и во 90+9 минута постигнаа и втор гол за комплетирање на пресвртот.
Драма имаше и во Маниса каде домаќините на полувреме губеа со 0:1 од Бандирмаспор, а во 58 минута беше и 0:2. Сепак, Маниса даде два гола во период од 60 до 64 минута и израмни на 2:2. Во последната 90 минута, Маниса со трет погодок го комплетираше пресвертот и победи со 3:2.
Беледије Ванспор со 3:1 го победи Бодрумспор, откако гостите на полувреме имаа предност со 0:1.


