Манчестер јунајтед и Ковентри ќе играат дополнителни 30 минути, а можно е и да има пенали за да се дознае патникот во финалето на ФА Купот. По регуларните 90 минути резултатот е 3:3, па драмата не е завршена.
Неверојатно делува дека Манчестер јунајтед не победи, затоа што фаворитот имашт предност од 3:0 и тоа на помалку од 20 минути до крајот. Скот Мектомнеј погоди за 1:0 во 23 минута, а дефанзивецот Хари Мегваер со глава пред крајот на првиот дел зголеми на 2:0.
https://twitter.com/i/status/1782067247785107692
Бруно Фернандес зголеми на 3:0 со погодокот во 58 минута и многумина помислија дека работата на „Вембли“ е завршена. Сепак, второлигашот Ковентри не се предаде и на неверојатен начин, во последните 20 минути даде три гола. Враќањето на аутсајдерот го најави Симс во 71 минута, а О’Хара погоди за 2:3 во 79 минута.
Се играше судиското надополнување, кога беше досуден пенал за Ковентри, а Рајт погоди во 90+5 минут за 3:3 и го однесе ова полуфинале во продолженија.