Лудо полувреме на Лудогорец – Погодок за 38 секунди, па страшен гол на Форстер (Видео)

Џоди Лукоки постигна експресен гол за Лудогорец во 38-мата секунда од мечот со Ференцварош на гостувањето во Унгарија, а потоа видовме еден од најубавите голови сезонава.

Во 40-тата минута Бразилецот Рафаел Форстер упати проектил од слободен удар од далечина над 30 метри, а топката се заби во горниот агол на домашниот гол.

Фантастичен погодок за одбранбениот играч на бугарскиот тим што вреди да се погледне. Проблем за гостите е што во второто полувреме мора да играат со 10-мина играчи, по исклучувањето на Григоре во 43-тата минута.

https://streamable.com/y0u1q

- Оглас -

Најнови вести