Поранешниот светски првак во тешка категорија беше горд на себе што си докажа дека е во добра боречка форма по една и пол деценија, но она што го откри на прес-конференцијата беше големо изненадување.
На прашањето дали Тајсон конзумирал марихуана пред мечот, тој без проблем кажа дека бил напушен за време на борбата.
„Не можам да престанам да пушам, тоа е факт. Таков сум, со тоа и ќе умрам. Секако дека пушев пред борбата, пушев и сега пред прес-конференцијата. Пушам и ќе продолжам да пушам секој ден“, посочи Тајсон.
Инаку, познато е дека Челичниот Мајк води успешен бизнис со производство на марихуана и лекови за алтернативно лекување, а никогаш не криеше дека е обожавател на рекреативната билка.