23.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Лудо славење, шестолигаш дозна дека во Купот ќе игра дома против ПСЖ (Видео)

Ждрепката за францускиот куп донесе огромна радост кај фудбалерите на шестолигашот Ревел. Тие за противник во 32-финалето го добија најсилниот тим во земјата, Пари Сен Жермен, а кога дознаа со кого ќе играат, прославата беше луда.

За Ревел, кој е аматерски клуб, огромна чест е што ќе го нагостат големиот ПСЖ, првпат ќе имаат прилика да играат против шампионот, тоа ќе биде меч кој цел живот ќе го паметат, затоа и толкава беше возбудата и среќата.

- Оглас -

Најнови вести