32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Лудо славје во соблекувалната на Сити, откриено како Гвардиола ги мотивирал Граѓаните (Видео)

Манчестер сити ја слави својата историска титула, ниту еден тим претходно во 136-годишната историја на англиското првенство не успеал четири години по ред да биде првак.

Екипата на Пеп Гвардиола до последното коло чекаше на титулата, па затоа и славјето беше големо, имаше опасност титулата да им ја украде Арсенал, но Граѓаните сепак не дозволија никакво изненадување и со серија од 35 меча без пораз, дојдоа до нова титула.

Се појави едно видео на кое се гледа како Гвардиола го мотивирал тимот со порака на ѕидот од соблекувалната. На ѕидот пишува: Ниту еден тим не бил првак на Англија четири години по ред. Сакаа да стана првите и успеаја.

Атмосферата од соблекувалната погледете ја ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести