Лудо сценарио – Надал може да комплетира титули на ОП на Австралија, Ролан Гарос и Вимблдон и пак нема да биде прв на АТП-листата

Рафаел Надал е на два чекори до неверојатен рекорд од 14 титули на Ролан Гарос, претходно победи на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, а и да ја освои титулата на Вимблдон на 10 јули, кога ќе се игра финалето, пак нема да биде прв на АТП-листата.

Максимум што може да стигне и во таков случај со нанижани три гренслема во иста година ќе биде третото место на светската листа.

Тоа е поради одлуката на Професионалната тениска асоцијација да не ги калкулира поените на тенисерите на Вимблдон, која најмногу оди на штета на Надал и на Ѓоковиќ.

Рафа моментно е петти на светската ранг-листа и максимум може да се пробие на третото место по три одиграни гренслема, а Ѓоковиќ, кој е лидер, сигурно го губи врвот и ќе падне дури на третото место.

Едното сценарио е Александер Зверев да биде нов број 1 на АТП-листата ако го освои Ролан Гарос, а второто е Данил Медведев да се пробие од второто на првото место ако Германецот не успее да го освои Ролан Гарос.

Челниците на АТП реагираа на овој начин поради одлуката на организаторите на Вимблдон да им забранат учество на тенисерите од Русија и Белорусија на гренслемот што ќе се игра од 27 јуни со 10 јули.

 

- Оглас -

Најнови вести