Шампионот на Бугарија, Лудогорец од Разград, ќе биде противникот на Шкендија во плејофот од Лигата на Европа. Тие во третото коло беа елиминирани од унгарскиот Ференцварош, откако го загубија вториот меч со 3-0.
Претходно Шкендија и вторпат беше поразена од Карабах, па стана јасно дека за место го лигашкиот дел од Лигата на Европа ќе има двобој на шампионите на Македонија и Бугарија.
Согласно ждрепката, тетовци ќе бидат домаќини на првиот меч кој ќе се одигра на 21 месецов, додека реваншот во Разград на програмата е седум дена подоцна.

