6044 Жалгирис – Малме (18.00 часот)
Шведскиот тим е фаворит во овој двобој против литванскиот клуб од квалификациите во ЛШ. Ова е прв меч во кој Малме ќе се обиде да покаже дека е подобар и да си го олесни реваншот. Жалгирис во претходното коло беше подобар од косовскиот Балкани во неефикасни средби, но Малме, за којшто игра македонскиот репрезентативец Ердал Ракип, е посилен тим, кој имаше ефикасни пресметки со исландскиот Викингур. Малме со гостинска победа од 2-0 против Норкепинг стартуваше во шведската лига.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.35)
6728 Лудогорец – Шемрок роверс (19.45 часот)
Бугарскиот првак дома не би смеел да ја испушти шансата за победа и со предност да патува во Република Ирска на реваншот. Ако се смета и пријателски меч, тогаш Лудогорец има серија од пет победи по ред, сите без примен гол. Тимот од Разград во претходната рунда ја елиминира Сутјеска од Црна Гора, додека Шемрок исто така не прими гол на двата меча со Хибернијанс од Малта. Статистиката најавува меч со не повеќе од три гола.
Предлог тип: 1 & 2-3 (2.75)
6727 Митјиланд – АЕК Ларнака (19.45 часот)
Иван Тричковски и другарите ќе имаат тешка задача на гостувањето во Данска. Митјиланд со реми 1-1 против Рандерс ја почна сезоната во домашната лига, а кипарската лига не е почната, но АЕК во текот на јули одигра неколку пријателски мечеви, од кои последните два им завршија со резултат 2-2. Кипарскиот тим не е тотален аутсајдер во овој дуел, но тешко дека ќе победат на вечерашното гостување.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)
6729 Линфилд – Бодо/Глимт (20.45 часот)
Победникот од овој северноирско-норвешки дуел во следната фаза ќе игра со Малме или Жалгирис. Иако се игра во Белфаст, Бодо е фаворит и вечерва. Линфилд го елиминира велшкиот ТНС во претходното коло, но би било чудо ако го повтори тоа против Бодо, кој имаше тежок натпревар против Клаксвик од Фарски Острови. Овојпат Норвежаните не би требало да бидат опуштени и типуваме на нивен триумф.
Предлог тип: 2 & 1+ пол. (1.96)
6730 Динамо З. – Шкупи (21.00 часот)
Хрватскиот шампион има поскап и поквалитетен состав од Шкупи, па кај овој пар единицата делува како зицер, прашање е само со што да се надополни за квотата да биде поголема. Шкупи се посрамоти на реванш-гостувањето кај Линколн на Гибралтар и ако повторно одигра така на гостински терен, нема што да бара во Загреб. Динамо на Стефан Ристовски и Аријан Адеми не блескаше на стартот на хрватската лига, одвај ја победи Локомотива, против која губеше со 0-2, а дома нема пораз во 2022 година.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.63)