Победата на Шкендија над Лудогорец од 2-1 во првиот меч од плејофот за влез во Лигата на Европа ги зголеми шансите на македонскиот првак за пласман во главната фаза на второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.
Според симулациите и пресметките на платформата за статистика ФМД, на тетовци шансите им пораснаа за големи 25 проценти, па сега на Шкендија ѝ се даваат 43 проценти да оди понатаму. Шансите на Лудогорец се пресметани на 57 отсто.
Ова не мора ништо да значи бидејќи Шкендија беше во иста слична ситуација и потценета и пред гостувањето кај ФЦСБ, па успеа да го мине романскиот првак.