Доколку Шкендија го елиминира азербејџански Карабах во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, во плејофот за влез во главната фаза од Лигата на шампионите ќе разигрува против Лудогорец или Ференцварош.
Мечевите од плејофот за ЛШ ќе се играат на 19/20 и 26/27 август. Шкендија реваншот би го играла дома. Интересен пар од плејофот може да биде Црвена ѕвезда – Динамо Киев, ако Србите и Украинците поминат против полски Лех односно кипарски Пафос.
Македонскиот првак од 13 часот ќе дознае со кого евентуално би играл плејоф за влез во Лига Европа, доколку испадне од Карабах.