Лудогорец одигра “лудо“ и го растури косовски Балкани во ЛШ

Шампионот на Бугарија, Лудогорец, одигра фантастичен натпревар и го совлада Балкани со 4-0, со што успеа да ја надополни негативата од 0-2 од првиот натпревар.

Предноста на косовскиот шампион од 2-0 од мечот во Приштина започна да се топи уште на самиот старт од мечот во Разград, бидејќи Лудогорец поведе уште во четвртата минута Текпети. Интернационалецот од Гана до крајот на првиот дел погодои уште еднаш и го врати двомечот на нула.

Во второто полувреме бугарите постигнаа уште два погодоци во мрежата на Балкани за високи 4-0. Головите беа дело на Тисера и Видал.

https://twitter.com/Ludogorets1945/status/1681756480771424256?s=20

Шампионот на Словачка, Слован од Братислава успеа да се извлече на гостувањето во Луксембург и со сигурна победа од 2-0 да помине во следното коло. Словаците одиграа само 1-1 на домашен терен против Свифт Есперанж, а шампионот на Луксембург промаши пенал за водство во 10-тата минута. Во второто полувреме беа досудени уште два пенали, но овојпат за Слован, а Владимир Вајс беше сигурен реализатор на ударите од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести