Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, и официјално ќе биде дел од лигашкиот дел од Конференциската лига, откако загуби од Лудогорец во плеј-офот од Лигата на Европа со 4-1, но дури по продолженијата.
Бугарите по првиот дел имаа водство од 2-0, но Тамба со гол во 64-тата минута намали на 2-1 и се избори за продолженија. Сепак, тетовските „црвено-црни“ немаа сили за уште еден гол во продолженија, па Лудогорец со два гола, во 98-мата и 122-рата минута, дојде до победа од 4-1 и место во Лигата на Европа.
И покрај поразот, Шкендија одигра историски лето на европска сцена и првпат во клупската историја ќе биде дел од лигашкиот дел на едно натпреварување на УЕФА.