24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Лудорија на Србинот: Јокиќ со потег на сезоната, како да игра против мали деца (Видео)

Денвер нагетс го победи Мемфис гризлис со 105-91 во дуел на двете најдобри екипи на Западот во НБА-лигата, а средбата ќе остане запаметена по урнебесната асистенција на Никола Јокиќ во третата четвртина.

Јокиќ, кој мечот го заврши со трипл-дабл од 13 поени, 13 скока и 13 асистенции, со еден атрактивен потег ги понижи своите противници. Србинот имаше лудо додавање меѓу нозе, кое на крајот испадна и брутално добра асистенција.

Вечер за паметење имаше и Њујорк никс, кој игра како во најдобрите времиња, има осум победи по ред, а го искористи неиграњето на Стеф Кари за да го растури Голден стејт со 132-94. За Никс ова е прва домашна победа на Вориорс по девет години.

Лаури Марканен погоди девет тројки, што му е личен рекорд, и со 38 поени ја предводеше Јута до победа над Детроит од 126-111.

https://twitter.com/i/status/1605420967324536833

- Оглас -

Најнови вести