Лудост е тоа што го направи Бернардо Силва во пенал-рулетот, затоа Сити е елиминиран (Видео)

Реал Мадрид ја доби драмата против Манчестер сити и се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампиони и тоа по подобро изведување на пенали. По двата меча одиграни во Мадрид и Манчестер резултатот беше 4:4, па мораше победникот да се дознае во пенал-рулетот, кој одлично започна за Манчестер сити.

Лука Модриќ промаши во првата серија за Реал, но токму кога се мислеше дека Манчестер сити има предност, се случи нешто неверојатно. Бернардо Силва го потцени Лунин и ноншалантно шутираше по средината на голот, а чуварот на мрежата на Реал како да го очекуваше овој потег на противникот и го имаше најлесно одбранетиот пенал во кариерата.

По овој промашен пенал на Силва, резултатот и во пенал-рулетот беше израмнет, за да во следната, трета серија промаши и Ковачиќ за англискиот тим. Фудбалерите на Реал Мадрид до крајот не згрешија и на крајот се радуваа со 4:3 на пенали и место во полуфиналето каде ги очекува двобој против Баерн Минхен.

Комплетната драма од пенал-рулетот и начинот на кој Бернардо Силва сакаше да погоди, а згреши, може да ја видите ТУКА.  

 

 

- Оглас -

Најнови вести