Реал Мадрид продолжува со клупската политика да ги заштити своите млади таленти од предвремено заминување. Според „Дијарио АС“, клубот е подготвен да му понуди на 16-годишниот дефанзивец Лео Леметр нов договор кој ќе вклучува неверојатно висока клаузула за откуп во вредност од 100 милиони евра.
Сумата од 100 милиони евра за тинејџер кој сè уште се пробива во професионалниот фудбал е јасен сигнал до гигантите на Англија и Франција, кои најчесто немаат проблеми да дадат богати понуди за талентираните фудбалери.
Раководството на „белите“ го гледа Леметр како еден од „бисерите“ на нивната академија. Французинот игра на позицијата централен дефанзивец, а се проценува дека има огромен потенцијал, па во следните некоку сезони да се профилира како еден од столбовите во одбраната.
Самиот играч најави дека сака да остане во Мадрид и да се бори за место во најдобриот тим на Кралевите. Вклучувањето на Леметр во плановите за иднината потврдува дека Реал сè повеќе ќе се насочува кон својата школа наместо да троши колосални суми на веќе докажани ѕвезди.

