Баерн Минхен се намачи, но на крајот славеше над Унион Берлин, и тоа минимално со 1:0 на „Алијанц арената“. На почетокот на второто полувреме погоди Гереро, што на крајот се покажа и како доволно за три бода за актуелниот германски првак.
Освен погодокот на Гереро, дуелот го одбележа и еден неочекуван инцидент. Во 74-тата минута, тренерот на гостите, Ненад Бјелица, ги загуби нервите и заработи црвен картон. Инцидентот се случи кога топката излезе во аут, а Лерој Сане сакаше да ја земе и да изведе аут.
Бјелица не само што не му ја подаде топката на Сане, туку реши и физички да го нападне противничкиот фудбалер. Бјелица двапати со раката го оттурна Сане по главата, по што настана мешаница, а на крајот стратегот на гостите доби црвен картон и сега сигурно ќе му следува и дополнителна суспензија.
Nenad Bjelica vs Leroy Sané pic.twitter.com/xYgkrcTDaO
— Sir ALTINAY (@AItinay) January 24, 2024