Лудост на Вимблдон: Гледач побара од Ѓоковиќ да му направи дете (видео)

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во третото коло на Вимблдон по победата над Американецот Денис Кудле со 3-0 во сетови. Дуелот не претставуваше некаков си предизвик за Србинот, но во текот на средбата доби необично и доста непристојно барање од страна на еден гледач во публиката.

При негов сервис во вториот сет, од трибините се слушна: „Новак направи ми дете“, и тоа од машки глас. Ѓоковиќ се сврте кон публиката и не можеше да си поверува на тоа што го слушна. За негова среќа, не ја загуби концентрацијата, па го реши Кудле без проблеми.

https://twitter.com/NoleLondon/status/1146491701533597696

Инаку, Ѓоковиќ во следното коло ќе се соочи со Полјакот Хуберт Хуркач.

- Оглас -

Најнови вести