Лудост: Цела Италија е во карантин, тие закажаа тренинг

Фудбалот во Европа речиси две недели е целосно „замрзнат“ поради пандемијата со Коронавирусот. Иако речиси сигурно е дека најмалку уште еден месец нема да има фудбалски возбудувања на Стариот Kонтинент, челниците на Лацио се одлучија на еден неочекуван потег. Фудбалерите на Лацио ќе треба во понеделник наутро да се појават на тренинг и да ги започнат подготовките за продолжување на сезоната, иако уште официјално не е соопштено дали и кога ќе продолжи.

Италија е најпогодената земја од Коронавирусот и има илјадници мртви, но во Лацио веруваат дека веќе е погоден момент да се продолжи со тренинзите, па тренерот Симоне Инѕаги соопшти дека на 23 март ги чека сите фудбалери да се појават во тренинг-базата Формељо.

Лацио сезонава игра одлично и е во трка за титулата со Јувентус и Интер. Небесносините моментно имаат 62 бода, еден помалку од лидерот Јувентус, додека Интер е трет со 54 бода и меч помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести