Лудост: Во историјата на полуфиналињата на ЕП немало ваков гол (Видео)

Франција и Шведска играат дополнителни 10 минути за да се добие првиот полуфиналист на ракометното Европско првенство. Двете селекции може да жалат што не победија по 60 минути, но сепак, Шведска е таа што го имаше полуфиналето во џеб, но го пропуштија по регуларните 60 минути.

Шведска водеше со 27:25 на 40-тина секунди до крајот, Франција даде гол, а потоа Галските петли во последната секунда од мечот добија фаул и последен удар од 11 метри.

Пранди ја презеде одговорноста и на неверојатен начин успеа да погоди и да се изборат за 27:27 и дополнителни 10 минути игра. Погодокот на Пранди го признаа македонските судии Начевски-Николов, кои ја делеа правдата на ова полуфинале.

https://twitter.com/i/status/1750948385610231924

- Оглас -

Најнови вести