Лудост во време на ширење на новиот сој на Ковид: фудбалер на Норвич играл премиерлигашки меч со температура 39

Доколку биде одложен и утрешниот меч од Премиерлигата помеѓу Норвич и Арсенал, главни виновници ќе бидат фидбалерот Били Гилмор и тренерот Дин Смит. Во Англија владее хаос со новиот сој на коронавирусот, наречен омикрон, а Гилмор на дуелот со Астон Вила на 14-ти декември играл болен, со висока температура од 39 степени.

ФА веќе го истражува случајот како е можно некој да играл со температура, што е грубо прекршување на протоколите.

Сега двата клуба се во страв, пред пет дена двата клуба имаа по двајца нови фудбалери позитивни на корона, но на најновото тестирање бројката може да порасне.

Норвич утре треба да игра со Арсенал, а Астон Вила против Челзи. Веќе се одложени три меча (Ливерпул – Лидс, Вулверхемотон – Вотфорд и Барнли – Евертон), а неизвесни се и Вест Хем – Саутхемптон и Тотенхем – Кристал Палас.

- Оглас -

Најнови вести