6720 Малме – Клаксвик (19.00 часот)
Шведскиот тим е голем фаворит, не само вечерва кога игра дома, туку и во целиот двобој со првакот на Фарските Острови. Двата тима се во натпреварувачки ритам. За Малме ова е прв европски меч летово, но во тек е шведската лига, во која се убедливо први по 16 кола. Клаксвик е трети во домашната лига и нема ниту еден нерешен меч во 16-те кола досега. Во првото квалификациско коло го елиминираа луксембуршкиот Диферданж без да примат гол. Малме е опасен домаќин, цела година нема загубено официјален меч на свој терен.
Предлог тип: 1 & 3-4 (2.50)
6721 ФЦСБ – Макаби Тел Авив (19.30 часот)
Некогашната Стеауа, сега ФЦСБ, е во малку понапредна фаза според бројот на натпревари летово бидејќи во јули одиграа пет официјални меча, по два од квалификаиците за ЛШ и романската лига, плус еден од романскиот Суперкуп. Билансот им е три победи и две ремија, а само еднаш на тие пет средби не постигнаа барем два гола. Во првото коло го разбија првакот на Сан Марино, но дуелот со Макаби е нешто друго. Израелската лига не е почната, па Макаби месецов играше само пријателски мечеви и Суперкуп на својата земја. Тимот од Тел Авив на овие четири дуели во јули не прими ниту еден гол.
Предлог тип: 1–3 I & 1-3 II (1.94)
6723 Динамо Киев – Партизан (20.00 часот)
Динамо Киев во полскиот град Лублин ќе го пречека Партизан во дуел на украинскиот и српскиот вицешампион. Белграѓани со гол во 93-тата минута и победа од 1-0 против Напредак тргнаа во српската Суперлига, а во подготвителниот период играа претежно со руски клубови кои играат сличен фудбал на Динамо. Во тимот од Киев има неколку украински репрезентативци, а најзвучно име е искусниот Јармоленко. Пред пет дена, Динамо загуби од Унион Берлин со 2-3 во пријателски меч. Динамо Киев и Партизан последен пат меѓу себе играле во 2017 година, во групната фаза од Лигата на Европа, Украинците двапати биле поуспешни во тие дуели со по пет гола.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50)
6724 Ференцварош – ТНС (20.00 часот)
Кај овој пар не би смеело да има изненадување, Унгарците се многу подобар тим од Велшаните, барем на хартија, и типуваме на чист кец со водство на домашните и по првото полувреме. ТНС во првото коло го елиминира црногорски Дечиќ, а за силата на Ференцварош говори што на последната контрола која ја имаа пред една недела, одиграа нерешено со лондонскиот Вест хем.
Предлог тип: 1 двојна (1.91)
6725 Лугано – Фенербахче (20.30 часот)
Швајцарски Лугано немаше среќа во ждрепката, Фенербахче ќе биде екстра мотивиран во првиот европски меч на Жозе Мурињо како тренер на Турците. И според имињата, Фенер е фаворит, а дополнителен хендикеп за Лугано е што европските мечеви како домаќини не ги играат на својот стадион, туку во градот Тун. Има доста Турци и во Швајцарија, Фенер може да смета и на поддршка од трибините. Пред три дена Лугано го победи Грасхоперс со 2-1 на стартот на првенството, па самодовербата им е голема. Тоа важи и за Фенер, кој на последните две контроли со Стразбур и Хал даде вкупно 9 гола.
Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.87)