Луис де ла Фуенте е прогласен за селектор на годината

Луис де ла Фуенте, човекот кој ја одведе Шпанија до титулата шампион на Европа, е прогласен за најдобар селектор во 2024 година во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Со 274 поени, 63-годишниот стратег на Шпанија заслужено го освои првото место, пред селекторот на Аргентина, Лионел Скалони (148 поени), и тренерот на Франција, Дидие Дешан (35 поени).

Под водството на Де ла Фуенте, Шпанија оствари седум победи во седум натпревари и ја освои титулата на Европското првенство во Германија. Во 2024 година, Црвената фурија одигра вкупно 17 натпревари, на кои имаше 14 победи, две ремија и само еден пораз.

Меѓу десетте најдобри селектори, според ИФФХС, се и поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт, Емерс Фае (Брегот на Слоновата Коска), Јулијан Нагелсман (Германија), Нестор Лоренцо (Колумбија), Винченцо Монтела (Турција), Вили Сањол (Грузија) и Марсело Биелса (Уругвај).

- Оглас -

Најнови вести