Баерн Минхен ги отвори подготовката за новата сезона со победа од 2-1 против Лион на „Алијанц Арена“, во првиот пријателски натпревар ова лето.
По релативно мирно прво полувреме, промените на полувреме донесоа резултат за баварскиот гигант. Мајкл Олисе влезе во игра и постигна два гола во второто полувреме, првиот од пенал во 53-тата минута, вториот по убава акција со Серж Гнабри во 62-та минута.
Претходно, пеналот го изнуди новото засилување Луис Дијас, кој дебитираше за Баерн по доаѓањето од Ливерпул. Колумбиецот внесе живост во нападот, имаше неколку добри шанси, но не успеа да се запише меѓу стрелците.
Во последните десет минути Лион возврати преку Александро Родригес, кој во 83-тата, минута успеа да го совлада младиот голман на Баерн, Јонас Урбиг. Сепак, Французите немаа сили за целосен пресврт, а натпреварот заврши со 2-1 и мала тензија меѓу играчите на двете екипи.