Kолумбискиот интернационалец Луис Дијас е решен да го напушти „Енфилд“ ова лето. Според најновите информации, напаѓачот побарал од раководството на Црвените да ја прифати последната понуда што ја испратил Баерн Минхен.
Германскиот гигант го гледа Дијас како приоритетна трансферна цел, но засега не успева да се договори со Ливерпул околу цената. Баерн веќе испрати неколку понуди, но сите беа одбиени од англискиот клуб.
Иако отпатува со тимот на Ливерпул на претсезонската турнеја во Азија, постојат големи шанси Луис Дијас да замине уште пред стартот на новата сезона. За него имаше интерес и од Барселона, но фудбалерот лично преферира трансфер на „Алијанц арената“.
Паралелно со тоа, Ливерпул веќе го комплетира трансферот на францускиот репрезентативец Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.