25.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Луис Дијас е сѐ поблиску до трансфер во Баерн Минхен

Баерн Минхен во текот на изминатиот викенд дозна дека Ливерпул е подготвен да преговара за трансферот на Луис Дијас. Двата клуба се оптимисти и веруваат дека ќе постигнат договор, а германскиот шампион е подготвен да плати околу 75 милиони евра.


Личните услови со колумбискиот офанзивец веќе се усогласени, па ако трансферот се реализира, 28-годишниот фудбалер ќе потпише договор на четири години со Баерн.

Тренерот на Баерн, Венсан Компани, инсистира токму Луис Дијас да биде засилувањето за крилните позиции на баварскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести