Луис Дијаз подобро да не се враќа во Ливерпул, наместо на погреб, се забавуваше (Видео)

Додека целиот фудбалски свет жали по Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва кои беа погребани вчера откако загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Шпанија, а повеќето играчи на Ливерпул присуствуваа на погребот на нивниот соиграч, Луис Дијаз кој не беше меѓу нив, покажа дека нема никаква емпатија, ниту дека жали.

Отсуството на капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо,  предизвика големо внимание, но тој го контактирал семејството и објаснил дека не сака да го одвлекува вниманието од моментот и да ја потисне тагата на семејството со своето присуство.

Но, забележливо беше и отсуството на Дијаз, кој не дојде на погребот. На почетокот се сметаше дека тој сè уште е на одмор во Колумбија, но шокот дојде кога се дозна дека присуствувал на забава на популарен колумбиски инфлуенсер. Овој потег предизвика негодување кај навивачите на Ливерпул и португалската јавност.

Некои се обидоа да го оправдаат Дијаз тврдејќи дека е во Колумбија и дека летот до Португалија ќе трае предолго, но овие објаснувања не беа убедливи бидејќи Рубен Дијаш и Рубен Невеш, неколку часа откако играа за Ал Хилал во САД на Светското клупско првенство, сепак прелетаа преку Атлантикот и дојдоа на погребот.

Жота беше еден од првите што го поддржаа Дијаз кога неговиот татко беше киднапиран во октомври 2023 година. За време на еден од натпреварите додека се одвивала драмата околу таткото на Дијаз, Жота го зеде дресот на својот соиграч откако постигна гол и го крена пред публиката, покажувајќи му на Дијаз дека е со него.

Наместо да се оддолжи и да се појави на погребот, тој не само што не се појави, дури и се забавуваше:

- Оглас -

Најнови вести